МАКЕДОНИЈА
За понудените оставки ќе одлучувам врз основа на повеќе елементи, вели Заев

При донесување на својата одлука во врска со понудените оставки по трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица, премиерот Заев ќе земе предвид повеќе елементи, меѓу кои и минатиот труд на лицата коишто ги поднесоа оставките, како и тоа кој би можело да дојде на нивните места.
„…кога носите одлука врз основа на акт, етички или морален, мора да му ја мислите – што после тоа, колкава е во суштина вината, колку тие луѓе успешно работеле во минатото…согласно тоа ќе го градам својот став… Мислам и на одговорноста за иднината, како ќе продолжиме, кој и како ќе го менаџира системот, корона пандемијата продолжува, здравствениот систем е и те како важен“, рече Заев.