ВЕСТИЕКОНОМИЈА

За потрошувачката кошничка во декември, 56.522 денари

Сојузот на синдикати на Македонија ја претстави новата методологија за пресметка на синдикалната кошничка. Трошоците на животниот стандард се очекува да бидат една од основите за зголемување на минималната плата на линеарен начин. Според новата пресметка четиричлено семејство во декември ќе треба да потроши најмалку 56.522 денари за да го затвори 12-от месец годинава. На оваа сума, кога ќе се додаде и киријата за домување, во просек 15.450 денари, месечниот трошок би достигнал 71.927 денари за 4 члено семејство.

„Кирија, вода, струја и парно 21.324 денари; Храна и пијалоци 20.730 денари; Образование 6.941 денари; Превоз 4.873 денари; Облека 4.821 денари; Рекреација и култура 4.245 денари; Ресторани и хотели 3.737 денари; Комуникација 2.473 денари; Лична хигиена и одржување на домаќинството 1.714 денари и Здравствени услуги 1.115 денари месечно“, се вели во новата методологија на месечната потрошувачка кошница.

Но, во текот на изминатата година често имаше судири меѓу ССМ и владините органи околу пресметката на минималната потрошувачка кошничка. Министерството за економија повикувајќи се на податоците на Државната агенција за статистика во месеците на криза тврдеше дека трошоците се пониски, со образложение дека ССМ пресметала двојно поголема стапка на инфлација во земјава.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, рече дека оваа година е просперитетна за работната сила, особено во јавниот сектор, при што ги истакна новиот колективен договор, новиот предлог закон за работни односи, неделата неработен ден и закон за минимална плата која континуирано ќе се зголемува. Министерката Тренчевкса рече дека новата методологија за пресметување на синдикалната кошничка ќе влијае на зголемувањето на платите во 2024 година.

Според пресметката на ССМ, годишната синдикална кошница би достигнала 863.665 денари или над 14 илјади евра годишно само за покривање на минималните трошоци за храна, пијалоци, облека, кирија, вода, струја, лична хигиена и одржување на домот, превоз, како и други дополнителни трошоци.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button