ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

За прозиводителите на храна пониска цена на струјата

Владата ќе и даде евтина струја на прехранбената индустрија, но без да определи колку треба да поевтини храната. Цената на електричната енергија која ќе ја користат фабриките во кои се произведува зејтин, млеко, млечни производи како и во пекарската индустрија ќе изнесува помалку од 100 евра за мегават час, што во моментов е двојно пониско од цената по која се продава на берзите. На прашање на Алсат за колку властите им наложиле на бизнисмените да ги намалат производите, министерот за економија Крешник Бектеши вели дека се надева дека трговците ќе ги намалат цените.

„Во делот на импутот на електрична енергија, од тоа што моментално го имаат ќе биде двојно пониска и согласно таа формулација ќе бидат намалени, најверојатно цените на храната“, рече Крешник Бектеши, министер за економија.

Доколку не се намалат цените тогаш министерот вели дека државата имала механизмим како тоа да го регулира. Од бизнис секторот велат дека со оваа мерка цените на храната би можеле да се намалат за 10 отсто, односно толкаво би било влијанието од поевтината цена на струјата врз финалниот производ.

Скапите суровини според производителите на храна се тие кои имале големо влијание врз цената на основните прехранбени производи.

„Потребно е сублимат од повеќе чекори, затоа реков, ова е еден важен исчекор од Министерствот за економија кој ќе придонесе да се намалат цените. Бројките за кои ќе се намали е ова, за понатаму, односно за поголемо намалување потребни се и други чекори да се направат во иднина“, вели Горан Георгиевски, претседател на Агро Бизнис комората при ССК.

Првичните најави беа дека оваа цена од стотина евра за мегават час за производителите на храна ќе важи од први декември, но владата утре на седница ќе решава по за дефинитивната цена на струјата. Инаку во земјава има највисока инфлација во однос на државите од регионот. Порастот на трошоците за живот во однос на лани истиот периот се зголемени за 20 отсто.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button