ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЗА ПРАВДА: В петок протест во Тетово за пожарот во модуларната болница

ЗА ПРАВДА: В петок протест во Тетово за пожарот во модуларната болница

Семејствата на жртвите од пожарот во Модуларната болница во Тетово вo петок ќе протестираат барајќи правда за загубените животи пред точно две години на тој ден. Тие денеска доставија известување во тетовската полиција и побараа поддршка од сите жители на Тетово и другите градови. Протестот ќе почне од местото каде што се наоѓаше модуларна болница којашто изгоре на 8 септември 2021 година. Потоа ќе продолжи кон плоштадот Илирија и судот. Организаторите велат дека довербата во правдата е многу мала, но нивната подготвеност да се борат за своите семејства е голема. Затоа најавија континуирани протести сè до целосно расчистување на случајот. Побараа протестот да не се злоупотребува за политички поени.

„Ги поканувам сите граѓани да ни се придружат на протестот кој ќе се одржи во петок од 14 часот. Протестот ќе започне кај модуларната болница. Не сакаме ова изразување на нашиот револт да биде искористено од било која политичка партија или за политички поени. Затоа уште еднаш ги повикуваме сите жители на Тетово да ни се придружат на протестите кои ги организираме како членови на семејствата, без политичка позадина. Не сакаме политиката да се меша тука. Ние како семејства се чувствуваме како да нè убиле и нас бидејќи тука нема правда. Сите членови на семејствата велиме дека тука нема правда. Некој повисок во државата има одговорност, но тие ја кријат.“, изјави Мумин Исмаили, роднина. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button