ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За премиерот Мицковски нема проблем тоа што седницата на судскиот совет се поклопува со седницата во Собранието на која ќе се расправа за интерпелација на петмина нивни членови

За премиерот Мицковски нема проблем тоа што седницата на судскиот совет се поклопува со седницата во Собранието на која ќе се расправа за интерпелација на петмина нивни членови

Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да коментира дали тоа што членовите во судскиот совет ќе одржат седница во исто време кога пратениците ќе расправаат за интерпелација на петмина нивни членови значи непочитување на работата и одлуките на парламентот. Според премиерот, седницата во законодавниот дом и онаа во судскиот совет, се одделни активности.

Advertisements

„Членовите на судскиот совет нека си ја тераат својата работа, парламентот си има своја работа, јас би ги оддвоил тие две работи и тие две активности. Не би сакал да коментирам дали тоа би значело почитување или не почитување на одлука на парламентот, да почекаме да се изјаснат пратениците па дури потоа можеме да коментираме„, рече Христијан Мицкоски премиер.

Покрај интерпелациите за членовите на судскиот совет избрани од Собранието кои ќе се најдат на дневен ред во вторник, пратениците во наредниот период ќе треба да расправаат и одлучат и за иницијативата на владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој вчера рече дека не чувствува дека направил каква било професионална грешка. Според Мицкоски, обвинителот има право на свој став, но вели дека тој лично не се согласува со него.

„Да почекаме да дојде предметот пред пратениците, па дури потоа можеме да коментираме што е тоа што ќе се разговара и ќе се дебатира и кои се тие аргументи со коишто практично ќе се оспорува или демантира изјавата или ставот на Коцевски. Јас можам мое мислење да кажам дека апсолутно не се сложувам со неговиот став и со неговото мислење, но тоа е само мое мислење, но јас не одлучувам, одлучуваат тие што го бирале, тоа се пратениците во македонското Собрание„, додаде Христијан Мицкоски.

Предлогот за разрешување на Коцевски сега е пред членовите на советот на јавни обвинители, а откако оттаму ќе се оформи мислење, истиот ќе се најде на гласање пред пратениците кои ќе одлучуваат за негова смена. Премиерот денеска рече и дека се познати оние малкумина судии и обвинители кои работеле за претходната власт и ја кочеле правдата, но посочи дека тоа време поминало и дека целта на оваа влада е да се врати интегритетот на правосудниот систем./Алсат.мк

Михаило Донев

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button