МАКЕДОНИЈА

За претседателката Сиљановска, актуелниот закон за Судскиот совет е лош

Последен ден за Миљазим Мустафа како член на судскиот совет, чиј мандат истекува денеска, што значи дека советот во наредниот период ќе продолжи да работи со деветмина членови. Миљазим Мустафа беше избран како член на Советот на 9 јули 2019 година и тоа по предлог на претседателот на државата. Судскиот совет ќе треба да добие негова замена, меѓутоа, претседателката Гордана Сиљановска Давкова рече дека прво ќе се почека носење на новиот закон за судски совет, па дури потоа ќе се бира негова замена. За претседателката, актуелниот закон е лош, критериумите за избор се несоодветни, а смета дека сето тоа ќе се подобри со новото законско решение.

Advertisements

„Не би сакала во последниот воз или налет, по стариот закон каде што воопшто не е јасно што е тоа истакнат правник , а да не говорам и за самата постапка ,таа не е конкурентна, не е компетитивна,  со еден кандидат не. Има решенија кои што мислам дека е добро секој нов член на Судскиот совет да ги исполни за да влезе во Судскиот совет“, вели Давкова.

Новиот закон за судски совет пак веќе е во владина процедура и наскоро се очекува да се најде пред пратениците. Инаку Миљазим Мустафа шест години беше член на советот, тој е правник, кој магистрирал на филозофскиот факултет и е со текнато звање магистер по европски студии за интеграција. Пред да работи во судскиот Совет, Мустафа беше дел од Владата, Министерството за одбрана, Министерството за правда, како и во Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор при Владата во 2014 година. Мустафа беше член на советот и во време кога тој се соочуваше со критики за своето работење, како од јавноста, така и од извршната власт, а Миљазим беше и еден од петте членови на кои Собранието им изгласа интерпелација. Сепак и покрај тоа, Миљазим тогаш не поднесе оставка и рече дека наводите на извршната власт дека советот работи пристрасно не се вистинити. Работењето на Миљазим Мустафа во советот го одбележа и неговата иницијатива за разрешување на тогашната претседателка на Врховен Беса Адеми, откако тој иницираше нејзина смена поради тоа што неоправдано не присуствувала на седниците на советот. Сепак Иницијативата не помина и Беса Адеми тогаш остана на чело на Врховен.

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button