ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
За промени во Изборниот законик ниедна партија не повлекува нога за средба

Нема чекори за продолжување на преговорите за Изборниот законик. Политичките партии постојано констатираат дека се потребни дискусии и преговори за евентуално спроведување на моделот со една единица, но никако да седнат на средба за тоа.
Но и покрај изјавите, ниту една страна не презема иницијатива за средба меѓу партиите и надлежните институции на која ќе се расправа за Изборниот законик, вклучувајќи го и предлогот на помалите партии за една изборна единица. Коалициските партнери на СДСМ, Демократскиот сојуз, Демократската обнова на Македонија, ВМРО-Народна и други, побараа за прашањето за промена на изборниот модел да се расправа до средината на април, во спротивно ќе се повлечат од парламентарното мнозинство.
Фатлуме Дервиши