За прошетка низ Шара потребна дозвола од Националниот парк

Казна од над илјада евра за прошетка на Шар Планина без одобрение од „Националниот парк“. Забраната веќе е во сила, а за слободно движење најпрво треба да се поднесе електронско барање и да се добие потврда преку е-пошта.
Оваа одлука е донесена со цел заштита на шумите од пожари, особено во овој период кога температурите се екстремно високи. Во последно време е забележано значително зголемување на бројот на пожари во различни подрачја.
„Земјоделците знаат да палат отпад по чистење на нивите, затоа треба да бидат внимателни да не предизвикаат поголема штета, и треба да ја информираат противпожарната служба, за полесно да реагираме ако се прошири пожарот, за да знаеме каде е локацијата и побрзо да интервенираме. Кога интервенираме навреме, спасуваме имот и животи на граѓаните“, рече Авни Амети – Раководител на Територијалната противпожарна единица – Тетово.
Минатата година во земјата имаше стотици пожари, а изгореа над 90.000 хектари површина.
Башким Сулејмани