ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За прв пат по 30 години ќе биде потпишан колективен договор за високо образование

Утре ќе се состанат членовите на синдикатот од сите универзитети во земјава за да разговара за текстот на колективниот договор за високото образование кој пред неколку дена доби зелено светло од владата. Високообразовните институции ќе ги претставува МОН, додека вработените ќе бидат претставени од Синдикатот за образование, наука и култура.

Advertisements

Тошо Арсов, претседател на синдикатот на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, рече дека тој и неговите колеги сметаат дека текстот на колективниот договор е општо прифатлив, но ќе предложат некои измени.

Ова е прв пат во последните 30 години да се потпише колективен договор за високо образование. Недостатокот на ваков договор предизвика револт во текот на изминатата година, кога вработените во универзитетите не беа вклучени во зголемувањето на платата за 10 насто што Министерството за образование го примени на вработените во основното и средното образование.

Evi Shkopi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button