ВЕСТИЗДРАВСТВО

За разлика од лани, годинава Охрид и Струга се расадник на нови случаи на ковид 19

Млад брачен пар од Австрија кој одлучи својата свадбена веселба да ја направат во Охрид, завршиле на инфективното одделение во модуларната болница. Eпидемиолозите стравуваат дека тоа може да донесе и повеќе новозаразени. Во Охрид, концертите и забавите драстично го зголемија бројот на заразени, а епидемиолозите велат дека добар дел од ново пријавените случаи на ниво на Македонија се заразиле во Охрид. На инфективното одделение се хоспитализирани пет пациенти, од кои двајца се вакцинирани со две дози. Најмладиот е на 27 годишна возраст.

Advertisements

„Од тие пет пациенти, тројца се дојдени од странство и се од таму позитивни дојдени. Никој кај нас не ги контролирал на влез. Едниот е од Белгија, двајцата брачни сопружници се од Австрија. Не се вакцинирани пациентите, што е жално. Не знаат дали имале контакт, но пројавиле симптоми уште не тргнати од нивните земји. Во текот на прегледите по исказите на пациентите кажуваат дека биле на некакви собири, родендени, свадби, крштевки“, рече Мирјана Спасова, главна сестра на инфективно одделение во Охрид.

„Очекувам дека ова ќе има нагорна линија. Во Охрид во овој период не знам што не се случи. Огромен број на концерти, не придржување на мерки, на ниеден протокол не придржување, забави во затворен простор“, рече Горан Балев, директор на општа болница Охрид.

И во Струга сликата не е ништо подобра. Таму секојдневно се полни модуларната болница, која е повторно ставена во функција. Во моментот се хоспитализирани15 пациенти.

„Во последните четири дена бројката на хоспитализирани пациенти е константна, а моментално имаме хоспитализирано 12 пациенти, од кои осум се со поддршка на кислород од 2 до 16 литри довод во минута. Најмладиот пациент ни е 19 годишен, а најстариот е 76 годишен“, изјави Арменд Арслани-директор на општа болница Струга.

Според епидемиолозите, дел од иселениците кои периодов беа во Струга, при тестирањето за враќање назад, покажало дека се асимптоматски со ковид 19. Најверојатно се заразиле на свадба или на друга прослава. Во Охрид дневно има и по 40 амбулантски прегледи на пациенти кои имаат симптоми на ковид, а во Струга помеѓу 50 и 70.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button