ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За сега нема нови мерки на претпазливост за струшкиот градоначалник Мерко

За сега нема нови мерки на претпазливост за струшкиот градоначалник Мерко

Одземањето на патната исправа, односно пасошот засега е единствената мерка на претпазливост, која Основното јавно обвинителство ја побара за струшкиот градоначалник Рамис Мерко. Со оглед на тоа дека против него активни во моментот се девет судски предмети, од кои некои и за злоупотреба на службената положба, прашавме во ОЈО, дали против Мерко се планираат и други мерки на претпазливост. Од таму не ја исклучуваат можноста за такво нешто, доколку за тоа се исполнат законските услови.

Advertisements

„Основното јавно обвинителство Струга предлага мерки за обезбедување врз основа на исполнетоста на законските основи во секој предмет поединечно. Во конкретниот случај, до овој момент, предложените и определени мерки се во насока на обезбедување присуство на обвинетиот во текот на постапката. Доколку се промени исполнетоста на законските основи односно ризиците, Јавното обвинителство во текот на постапката има законска можност да побара од судот построги мерки за обезбедување“, велат од ОЈО Струга.

Мерката одземање на пасошот и друга патна исправа, од ОЈО беше побарана поради опасност од бегство. Мерко сега има обврска повремено да се јавува во Судот во Струга. Адвокатот, Владо Чингоски, вели дека бидејки станува збор за повеќе предмети, секој предмет се цени поединечно.

„Ако обвинителството оцени дека со истражните дејствија кои ги спровело ги обезбедило сите докази и ја завршило истражната постапка, нема потреба од дополнителни мерки за обезбедување, доволна е мерката одземање на патна исправа со цел да неможе да ја напупшти државата односно да биде достапен до судските органи. Но ако ОЈО оцени обвинетиот може да ја напушти државата или да влијае на сведоци (со оглед дека е завршена истражната постапка и се обезбедени сите вербални и материојални докази), тогаш може да побара судијата во претходна постапка да определи мерка притвор“, рече Владо Чингоски-адвокат.

Покрај за незаконско поставување директори во неколку основно училишта. ОЈО за гонење организиран криминал го товари Мерко и за злоупотреба на службената положба, за набавка на четири автомобили во вредност од околу 114.000 евра, меѓу кои и луксузен „Ауди А6“ во период кога Општината имала блокирана сметка, за кое судењето почнува од почеток. Мерко во јули 2024 заработи кривична пријава, како трето обвинет и во случајот со бесправно градење во еден струшки хотел. Според обвинението, сопственик на фирма во мај 2019 година поднел барање за реконструкција на базенот во хотелот, но од него добил дозвола да изгради цел објект, со што тој ги пречекорил границите на своите службени овластувања, постапил надвор од барањето за реконструкција и спротивно на постапките пропишани во Законот за градба, а со цел за друг да прибави имотна корист./Алсат.мк

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button