ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За што се гласа денеска во Собранието?

Пратениците во македонското Собрание денеска нема да гласаат „за“ или „против“ францускиот предлог, односно преговарачката рамка што ја предложи француското претседателство со ЕУ, туку за заклучоци со кои на Владата и се дава насока и се задолжува за што може, а за што не може да преговара во процесот на интеграција во ЕУ.

Advertisements

Врз основа на заклучоците што ќе ги донесе Собранието, а кои во форма на предлог ги соопшти владејачката коалиција, Владата во никој случај не смее да се впушта во преговори со ЕУ доколку тие го засегаат македонскиот јазик, како и идентитетот, историјата и културата на македонскиот народ.

Преговарачката рамка, која е дел од т.н. француски предлог, не е документ за кој може да одлучува македонското Собрание или Владата, бидејќи неговото донесување е во исклучива надлежност на Совет на ЕУ. Тоа, всушност, е акт со кој земјите членки на ЕУ одобруваат рамка по која наредните години ќе се одвиваат преговорите за членство со одредена земја кандидат, во случајот со Северна Македонија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button