

Алсат
29.07.2020 08:19
Поради својот единствен состав лукот поволно влијае на многу болести, на вирусните и бактериски инфекции, на артритис, кардиоваскуларни болести, болести на дишните патишта, болести на системот за варење и слично. Истражувањата покажуваат дека неговото редовно користење доведува до регулирање на крвниот притисок, нивото на холестерол во организмот, како и на шеќерот во крвта. Многуте истражувања покажуваат дека лукот може да послужи како одлична превенција против многу видови на рак.
Како да го јадете…
За да се искористат лековитите потенцијали на лукот, најубаво е да се истолчи или ситно да се исечка бидејќи на тој начин се ослободуваат посебни ензими кои го претвораат алинот во алицин – состојка која е одговорна за лековитите својства на лукот. За да се ослободи максималната количина на алицин, оставете ги истолчените или исечканите чешниња лук да отстојат 5 минути пред да ги јадете.
Практични совети
Алергија – лукот го регулира имунитетот и спречува воспаленија кои се последица на алергиите. Зголемете го внесот на лук во организмот две или три седмици пред почетокот на сезоната на алергии и ќе имате резултати во борбата против алергиите.
Кашлица – поради своите антибактериски својства, лукот е одлично средство против кашлицата и ги ублажува инфекциите на респираторниот тракт.
Диајбетес – лукот може да помогне и во регулацијата на шеќерот во крвта. Се препорачува да се земаат 1-2 капсули дневно во подолг период или да се јаде 5-7 чешниња лук.
Холестерол – според истражувањата 600-900мг лук дневно можат да помогнат во намалувањето на холестеролот во крвта до 18%.
Висок крвен притисок – луѓето кои земаат редовно поголема количина лук во текот на 5 месеци успешно го контролираат својот крвен притисок. Препорачана количина е 900мг лук дневно.
Забоболка – лукот има својство на аналгетик и анестетик и токму поради тоа својство помага и кај забоболката. Едноставно ставете истолчено чешне лук на болниот заб и болката се намалува. Меѓутоа посетата на стоматолог е неизбежна.
Брадавици – поради своите антимикробни својства лукот е одлично средство против брадавици и други кожни заболувања. Земете свеж лук и исечете го на пола и неколку секунди тријте ја брадавицата. Повторувајте ја постапката секој ден пред спиење и ќе има ефекти во нивното отстранување. Ако почувствувате печење на кожата измијте ја со вода.