ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За скандалот со Мерко, Ковачевски топката ја префла во Струга

За скандалот со Мерко, Ковачевски топката ја префла во Струга

Премиерот Димитар Ковачевски ја префрла одговорноста кај општинските советници во однос на тоа како ќе постапат во случајот со Мерко и американската црна листа. Според него, одговорност треба да има, но премиерот не кажа дали таа одговорност ќе ја покрене Владата.

Advertisements

Сите други партии побараа оставка од Мерко. ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта има ингеренции да преземе чекори и бара од ДУИ да се исчисти од криминалните кадри.

Беса и Алтернатива бараат оставка од Мерко.

„Континуирано го осудувавме криминалот и корупцијата што ја прават функционерите на ДУИ, така што во овој случај не ни преостанува ништо друго освен да кажеме дека ако останало малку достоинство кај тие луѓе, малку достоинство во таа политичка партија, треба да го направат невозможното – уште денеска Рамиз Мерко да си даде оставка од функцијата каде што се наоѓа, а која ја користи за криминал и корупција и да имаме друг претставник кој ќе ги штити правата на граѓаните на Струга“, рече Биљал Касами, претседател на Беса.

„Ова е невиден скандал на нашата политичка сцена. Сепак, ова за нас не е ниту новина, ниту изненадување. Рамиз Мерко е само една нишка во големата пајакова мрежа на корупција што ДУИ ја создаваше изминативе 20 години. Секако, зачудува зошто МВР и Јавното обвинителство молчат. Толку ли вреди моќта што тие луѓе мора да се потчинат на условувањата и рекетот на парот Ахмети-Груби?“, изјави Зеќирја Ибрахими, Алтернатива.

Одлуката на Стејт департментот ја поздрави и Алијанса за Албанците.

„Корупцијата мора да има последици, но определбите за прогласување на персона нон-грата не се доволни. Рамиз Мерко веднаш треба да поднесе оставка, а ДУИ да се огради од својот член на Претседателството. Обвинителството за корупција треба да отвори случај против Мерко за да обезбедат целосна одговорност за наводите на американскиот Стејт департмент и за да ја спроведат правдата“, велат од Алијанса за Албанците.

Од вчера на социјалните мрежи за ова одлука на Вашингтон има бројни реакции од активисти и граѓански организации.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button