За сквернавење на знамиња, уапсени се 17 лица
За сквернавење на знамиња, уапсени се 17 лица

Бројот на уапсените за инцидентите со сквернавење на државните и албанските знамиња се зголеми на 17 .Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, рече дека нема да запрат тука, апсењата ќе продолжат до целосно расчистување на инцидентите.
панче Тошковски, министер за внатрешни работи
Уште три лица се уапсени за сквернавење на албанското знаме во Прилеп.
панче Тошковски, министер за внатрешни работи
Тошковски известува дека по добиената протестна нота од српската амбасада и обезбедените материјали, уапсено е и малолетно лице од Куманово, кое ја отстранило таблата на српскиот конзулат. Затворен е уште еден случај во регионот на Охрид и Кичево, каде едно лице ги симнало и државното и албанското знаме од јарболот и како што вели министерот, против него ќе бидат преземени соодветни дејствија. За вработениот во МВР кој го тргнал албанското знаме во Куманово, заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, потврди започнување на дисциплинска постапка.
„Секој вработен во МВР има обврска да ги почитува законите и симболите на сите етнички заедници во Република Северна Македонија. Непочитувањето на овие обврски се санкционира без исклучок“, рече Астрит Исени, заменик министер на МВР .
Повикувајќи се на член 319 од Кривичниот законик, Исени потсети дека секое дело кое поттикнува поделба, нетолеранција или омраза преку навредување или уништување на национални или верски симболи, е казниво со 1 година затвор. За 3 од вкупно 17 притворени лица е покрената постапка и истите се во притвор. Станува збор за младите кои го осквернавија државното знаме. За истиот прекршок, кога станува збор за малолетно лице, обвинителството ќе спроведе редовна постапка согласно Законот за правда за децата./Алсат.мк
Ајнур Бафќари