ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За сообраќајката кај Сити Мол, 3 години затвор и 3 години забрана за возење

Три години затвор доби возачот Јордан Ѓоргиев кој ја прегази Викторија Николова од Радовиш кај „Сити мол“. Судот образложи зошто висината на казната за тешки дела во сообраќајот е помала од законски предвидениот минимум од 4 години за ова дело.

Advertisements

„Обвинетиот го призна делото, изрази каење, покажа свест на противправноста на стореното, неговата возраст, дека станува збор за млада личност на возраст 23 години, пред која претстои цел животен пат и кој првпат доаѓа во судир со законот…“, рече Љубинка Башеска, судијка.

Но, од семејството на загинатата рекоа дека се згрозени од, според нив, прениската казна.

„…Згрозен сум од оваа држава и од судоството. И затоа има толкав голем процент на доверба во судстовот, нула проценти. Друго немам ништо. Згорзени сме ние како фамилија со ваква пресуда и немам зборови, затоа сите ја напуштаат оваа држава“, рече таткото на загината Викторија Николова.

Незадоволни од пресудата беа и адвокатите на семејството на Викторија, но и на нејзиното момче кое беше повредено при ударот.

„На 20-ти вечерта трепкаше жолто светло. За жал денес овој суд дозволи светлото да биде зелено и на тој начин дозволува вакви престапи да бидат, односно да поминат неказнети“, изјави Владимир Михајловиќ, адвокат на семејството Николови.

„Ќе поднесеме барање до Основното јавно обвинителство за задолжително поднесување на жалба на оваа пресуда…“, рече Билјана Андонова, адвокатка на оштетениот Леонид Даов.

Единствени задоволни денеска беа од одбраната на обвинетиот.

„На оваа казна од три години нема да се жалиме на пресудата. Но, ќе се жалиме на одуката за притвор, зашто сепак ние баравме домашен притвор што и во правото е притвор којшто ограничува, а не одбрана од слобода“, изјави Душко Јанковиќ, адвокат на Јордан Ѓоргиев.

Кривичниот суд на Ѓоргиев му пресуди и во наредните три години да не смее да вози. Судот му определи притвор до правосилноста на пресудата. Трагичниот настан на Партизанска се случи на 20 јануари.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button