ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За три месеци загинаа 10 пешаци

Смртоносна несреќа на Пластичарска, смртно прегазено 10-годишно дете
Скопје- маж е уапсен откако удрил дете со автомобил
Загина патник во близина на Велешта
Тетово: пешак загина, откако бил удрен од автомобил на пешачки премин

Advertisements

Ова се само дел од насловите што ги прочитавме во текот на изминатите неколку месеци, а станаа секојдневие во нашата земја.

Последна ваква трагедија се случи пред неколку дена на пластичарската улица во Скопје каде настрада 9 годишно дете. Колку вакви случаи имаше во последните три месеци во нашата земја?!
Од МВР соопштуваат дека од мај до август годинава, 10 пешаци го загубија животот како резултат на неодговорни возачи.

„Во периодот од 01.05.2023 до 30.08.2023 година, на територијата на Република Северна Македонија, во сообраќајни незгоди се повредени 194 пешаци, 64 со тешки телесни повреди, а 10 пешаци го загубија животот“, велат од МВР.

Граѓаните се жалат дека треба да има засилени контроли од страна на Министерството за внатрешни работи

„Тука застана автобусот, човекот поминал и за среќа не направи уште еден чекор за да помине од таа страна на автобусот. Јас се чувам, иако имам предност, не поминувам.

„Тука треба да се вози 30. Државата треба да го реши ова. Но даваат пари или имаат познаници и тоа е“, велат граѓаните.

Од МВР соопштуваат дека само вчера до полноќ се изречени вкупно 723 санкции за возачите. Од нив, 42 возила се движеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина и шест возила со брзина од дури повеќе од 70 километри на час. Во исто време, 423 возила ја надминаа брзината во населените места и 300 возила надвор од населените места.
Од МВР додаваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и повикуваат да се почитуваат правилата на патниот сообраќај и, како што велат, да се придонесе за побезбедни патишта.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button