ВЕСТИЗДРАВСТВО

За три пати повеќе повици во Брзата помош во Тетово

Со растот на температурите последните денови, повиците на Итна помош во Тетово тројно се зголемени. Зголемени се и интервенциите на терен, вели доктор Бесник Мустафаи, кој додава дека најчести случаи во кои интервенира се колапси како последица на дехидрација.

Advertisements

„Бројот на граѓани кои бараат помош на терен, за разлика од претходниот период, е зголемен. Во рок од 24 часа, ако во нормално време имало близу 10 интервенции, сега бројот на интервенции на терен е двојно или тројно зголемен. Главно се за колапс на пациенти на овие високи температури“, рече др. Мустафаи.

Жителите се жалат дека мораат да излезат поради обврски, но повеќе се шетаат под сенка, а се разладуваат во градските чешми.

„Не излегуваме многу на сонце додека не помине ова топло време, но понекогаш ни треба, имаме болни, најмногу шетаме во сенка“…

„Температурите се многу високи. Се обидуваме да се заштитиме, се обидуваме да фатиме сенки во градот каде што има повеќе чешми, затоа што мораме да работиме“, рекоа жителите.

Во состојба на готовност е ставена и територијалната противпожарна единица на Тетово. Апелираат на максимална претпазливост при палење оган, а особено фрлање отпушоци во шума.

„Ги замолуваме сите што жнеат и чистат ниви да не палат оган без контрола бидејќи последиците ќе бидат многу големи. Исто така, оние што излегуваат во шума, да внимават да не палат оган или да не фрлаат цигари што можат да предизвикаат пожар“, рече Авни Амети, началник на ППБ- Тетово.

Нашата земја и понатаму е во портокаловата опасна зона, со што здравствените власти апелираат жителите да не излегуваат на сонце непотребно од 11 до 17 часот како и да пијат повеќе вода и други течности. Лекарите предупредуваат за конзумирање на конзервирана храна и месо, кои се најчести причини за труење на жителите.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button