МАКЕДОНИЈА

За упадот на „27 април“ повикани како сведоци 15 поранешни пратеници


На судењето за организаторите на крвавото насилство во Собранието на 27 април 2017 година, поранешниот претседател на Парламентот, Трајко Велјановски предложи да сведочат 15 поранешни пратеници. Почнувајќи од следното рочиште на 4 септември, поранешните пратеници Трајко Димков, Иван Стоилковиќ, Љупчо Димковски, Лилана Кузмановска, Драган Данев, Панче Минов, Благоја Деспотовски и други од сите политички партии ќе седнат на клупата на сведоци. По предлог на Велјановски, на денешното рочиште беше претставена видео-снимка од продолжението на конститутивната седница на Собранието на 27 април.

Објавен беше делот од обраќањето на Зоран Заев од говорницата на Собранието, каде тој повика да не се крши Деловникот и да заврши изборот на Талат Џафери. Велјановски истакна дека после ова се гледа oti тој не му дава веднаш збор на Зеќирија Ибрахими, како што вели обвинителството, туку пред него зборуваат тројца пратеници кои земаат збор после Мукоски, а дури потоа пратеникот Ибрахими. На видеото се гледа дека Велјановски ја прекинува седницата во 18:01 часот и вели оти ќе продолжи следниот ден во 11:00 часот.

Трајко Велјановски, Поранешен претседател на Собранието„Ова покажува дека во СМС пораката е пренесен само делот од говорот на Заев каде тој вели дека тие ќе го изберат претседателот на Собранието доколку има потреба и во ходник, дури и во МАНУ.“

Обвинети за организирање на крвавото насилство во Собранието, покрај Вељановски, се и поранешните министри за транспорт и образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се обвинети за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

 

Përgatiti: Adnan Qaili

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button