ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За утре закажа нова јавна седница за предметот ТНТ

Бизнисменот Фијат Цановски денеска обвини дека за предметот за неовластеното уривање на неговата зграда се прави преседан. Наместо да објави пресуда по јавната седница одржана во мај, Апелација за утре закажала нова јавна седница, со цел, како што вели, да се констатира застареност на овој предмет. “. Ова, според Цановски и неговиот адвокат, иако рокот за да се донесе Одлука после одржаната Јавна седница е 60 дена, судијата Ѓоко Ристов и со надминати рокови намерно се уште не го става предметот на гласање.

Advertisements

Случајот „ТНТ“ заврши со кривична пресуда во која беа осудени неколкумина, помеѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски. Со новата седница се прави обид да се оживее предметот иако правно завршен, притоа, ако истата се оддржи, со прекршување на законот од страна на известителот и претседател на совет за предметот ТНТ, сè со една единствена цел, а тоа е да се констатира застарување на овој предмет, истакна Цаноски.

За незаконското уривање на објектот „Космос“, поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на 9 години затвор, додека поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиевски е осуден на 3 години затвор. И двајцата неодамна избегнаа казна за случајот „Трајекторја“ со кинеските автопати и покрај тоа што штетата на државниот буџет е 155 милиони евра. Неодамнешните измени во Кривичниот законик доведоа до застарување на дел од обвиненијата против поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков. Според анализата, со донесувањето на измените на Кривичниот законик во септември, застаруваат 14 судски предмети во кои се обвинети над 80 лица.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button