МАКЕДОНИЈА

За викендот студено со сончеви периоди, температурите под просекот

Синоптичарите за викендот најавуваат променливо облачно и студено време со сончеви периоди и температури под просекот за овој период од годината.

Advertisements

Утринските температури утре низ целата држава ќе бидат под нулата. Најстудено се очекува да биде во Маврово каде, според прогнозата на УХРМ, температурата ќе се симне 15 степени под нулата. Дневните температури ќе се движат од -4 до 7 степени.

Во недела, исто така, утринските температури ќе бидат ниски и ќе се движат од -14 до -5 степени, додека дневните ќе достигнат максимум до 9 степени.

Постепен пораст на температурите се очекува од понеделник.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button