За Владата протестот на вработените во администрацијата е политички мотивиран
За Владата протестот на вработените во администрацијата е политички мотивиран

Владата го оквалификува протестот на УПОЗ како незаконски и политички мотивиран. Владината портпаролка Митева рече дека Владата е партнер на сите и е подготвена да ги прифати сите предлози и сугестии. Таа ги повикува синдикатите на дијалог.
Опозицијата излезе со поддршка за вработените во Управата. Ги опишаа нивните барања како сосема разумни.
„СДСМ го разбира револтот на вработените во јавниот сектор и ги поддржува нивните барања за зголемување на платите, кои се сосема разумни, Владата има обврска да обезбеди услови за потпишување на колективни договори и зголемување на платите. Платите стагнираат, куповната моќ на работниците опаѓа, а политиките на владата на Мицкоски се сведени на служење на тесните интереси на бизнис елитата“, велат од СДСМ.
Вработените во дел од државната администрација бараат колективен договор со кој ќе им се зголемат платите за 30 проценти и изедначат со останатите административци./Алсат.мк