ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За влез во Собранието повеќе не се потребни маски

Собранието направи чекор кон враќање во нормала од воведувањето на првите мерки против пандемијата. По повеќе од две години работење под посебни услови и протоколи, законодавниот дом почна да применува полабави правила.

Advertisements

„Заштитните маски веќе не се задолжителни во просториите на Собранието. На лицата кои влегуваат во зградата им се мери само температура. Во меѓувреме, по многу долго време, прес-конференциите се одржуваат во вообичаената сала“, изјави новинарка на Алсат, Фатлуме Дервиши

Од почетокот на пандемијата и спроведувањето на протоколите, работата на медиумите во Собранието беше отежната. Немаа пристап до сите сали во кои се одржуваа седниците на комисиите.

„Конечно, новинарите ќе следат што се случува во собраниските комисии и работни тела во реално време и со физичко присуство. Овде сме во просторијата број 4, каде што се одржуваа многу седници на собраниската комисија пред пандемијата.“

Но, во салата Македонија, позната како просторија број 1 каде што се одржуваа пленарните седници, во моментов се вршат технички поправки, се поставува нова опрема за гласање и за стенограми. Пленарните седници на кои се носат закони се одржуваат во свечената сала која беше преадаптирана за таа намена на почетокот на пандемијата.

„Новинарите сè уште немаат пристап до главната сала каде што се одржуваат пленарните седници. Единствен начин да се следи дебатата на пленарните седници овде од Собранието е преку овие мали телевизори кои се во салата за прес-конференции.“

Законодавниот дом беше критикуван и од здруженијата на новинари за ограничување на пристапот на медиумите до неговата работа и за недостигот на транспарентност за тоа што се случува, особено при дебатите на работните тела. /Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button