ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За влез во трговските центри, не се потребни сертификати за вакцинација

Се укина условот за влез во трговските центри со сертификатите, но носењето маски останува на сила. Во затворените центри во Скопје граѓаните влегуваа со маски поради барање од персоналот, но внатре повеќето од нив ги отстрануваат. Има граѓани кои сметаат дека укинувањето на потврдите ја демотивира вакцинацијата.

Advertisements

„Со укинувањето на условот за барање за потврди за вакцинација на влезовите од трговските центри, граѓаните како да се опуштија и сега не носат ни маски. Има моменти кога повеќето од нив, како мене, ја држат маската во раце иако знаат дека не помага ако не е на лице.

Носењето на маски останува задолжително во училиштата.

„За мене беше поважен скринингот во училиштата што се одвиваше во град Скопје со оглед на податоците дека бројот на заболени деца беше многу мал . Во координација со Комисијата за заразни болести, верувам дека веднаш штом ќе ја разгледаат ова аодлука ќе ја донесат и таа мерка која ќе биде за олеснување на учениците“, изјави Јетон Шаќири, министер за образование.

Во меѓувреме, на состанокот што го одржа Комисијата за заразни болести, се бара промена на методологијата за проценка на епидемиолошката состојба во земјава. Висок или низок ризик ќе се пресметува со бројот на нови случаи откриени во последните 7 дена на 100.000 жители, бројот на хоспитализирани и капацитетот на здравствените установи во рок од една недела. Не се разговараше за дополнително олеснување на протоколите и нивно усогасување со земјите од регионот и нашата држава останува меѓу оние со најстроги мерки.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button