За ВРЕДИ иницијативата за ветинг во ДУИ е театар
За ВРЕДИ иницијативата за ветинг во ДУИ е театар

Владејачките албански партии од ВЛЕН, средбата на ДУИ за ветинг во партијата ја нарекуваат смешна. Лидерот на Демократското движење, Изет Меџити, за Алсат изјави дека со оваа иницијатива ДУИ ги игнорираат и САД, кои токму поради корупција, на црната листа ставија многу функционери на ДУИ.
„Од она што го гледам, реформата на ветинг прави црната листа да биде полна со нивни имиња. Тоа е порака дека ги игнорираат Соединетите Американски Држави. Но, тука целта не е ветингот, туку не можат да излезат од шемата во која влегле и не можете да барате реформи кога тие реформи ги прават луѓе кои се на црните листи”, рече Изет Меџити – претседател на ДД.
Меџити рече дека ДУИ и понатаму останува заробена партија и е контролирана од бегалецот Артан Груби. Според Меџити, најдобриот ветинг го прави народот и гласачкото тело.
„ДУИ е заробена од овие луѓе. Дури и оние што си заминале, сепак придонесуваат со пораки, соработуваат. Најдобро е албанскиот народ и гласачите да продолжат да го прават ветингот, како што направија на изминатите избори и да го запечатат на локалните избори„, рече Изет Меџити – претседател на ДД.
Со ветингот во ДУИ се потсмеваа и челниците на Алтернатива и АА. На Фејсбук, Таравари напиша: „Ветингот може да ја докаже невиноста на вашите бегалци, правејќи ги да се вратат како херои со песна и оро! Ветингот конечно ќе разјасни како министрите и функционерите на ДУИ, од кои повеќето влегле како обични луѓе на оваа земја, па се трансформирале во интелектуалци и газди со по неколку вили, неколку автомобили, неколку банкарски сметки, во други земји. Ветингот ќе може еднаш засекогаш да разјасни дека внуците, внуките, министрите и директорите на ДУИ успеале да станат милионери само во 30-тите години, додека повеќето 30-годишници во Македонија бегале поради невработеност, корупција и сиромаштија! ФБ
Зеќирја Ибрахими на Фејсбук праша зошто не е потпишан ветингот во Т.Ц Соравија, бидејќи тоа би имало добра симболика.
„Зошто ветингот не беше потпишан во Т.Ц „Соравија“? Тоа би било добра симболика„, напиша Зеќирија Ибрахими – Лидер на Алтернатива.
Инаку, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, неколку дена по бегството од Македонија на шефот на неговиот кабинет Артан Груби, обвинет за корупција, изјави дека е добро и се наоѓа на албанска територија, но нема да се соочи со одмаздничката правда.
Господинот Груби, според информациите што ги имам, иако не сум го сретнал, но е добро. Неговата локација се разбира дека е некаде на албанска територија. Тоа е процес кој треба да има епилог. Артан Груби не избега од Македонија. „Артан Груби е подготвен да одговара пред правосудниот систем, да ги почитува законите, но не со одмаздничка и селективна правда“, рече Али Ахмети – претседател на ДУИ.
Поради корупција неодамна на американската црна листа се најдоа високи функционери на ДУИ, меѓу кои и поранешниот вицепремиер Артан Груби, десната рака на лидерот на ДУИ, Ахмети, и уште еден функционер, градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Покрај овие имиња, неодамна беше обвинет за корупција и поранешниот директор на Државната лотарија, Перпарим Бајрами, кој исто како Груби избега од Македонија./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу