За време на нападот во М-НАВ, 36 авиони летале во македонскиот вздушен простор
За време на нападот во М-НАВ, 36 авиони летале во македонскиот вздушен простор

Над 36 авиони летале во македонскиот воздушен простор во моментот кога првиот човек на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири, користејќи ја неговата картичка и со кршење на протоколите влегол во радарската кула за да го нападен контролорот Премтим Бериша. Првиот човек на синдикатот на контролорите рече дека упадот во објектот на контрола на лет е терористички акт и повреда на националната безбедност.
Безбедноста на патниците и на воздушниот простор се очекува да претставува квалификација на кривично дело против Беким Незири, кој според најновите информации од Министерството за внатрешни работи, е приведен и се сослушува.
„Во врска со вчерашниот напад врз вработените во М-Нав, по наредба на јавното обвинителство, во полициската станица се одржува разговор со Б.Н. Останатите тројца соучесници синоќа биле сослушани, додека полицијата трага по четворица други сторители во бегство“, велат од МВР.
МВР се уште нема поднесено кривична пријава, а се уште зема изјави од сведоци, меѓу кои се и 3 вработени кои биле физички нападнати. Обезбедени се и снимки од камери.
„Основното јавно обвинителство работи на нападот на М-НАВ, по што четири лица се приведени во полициска станица, додека МВР доцна синоќа соопшти дека трага по уште четворица. Во моментов се преземаат дејствија за расчистување на настанот. Во текот на денот Основното јавно обвинителство очекува кривична пријава од МВР“, велат од Јавно обвинителство.
Денеска, пак, полицијата продолжува да ја надгледува зградата на М-НАВ за да ја гарантира безбедноста на контролорите на летање, но и да обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот на скопскиот и охридскиот аеродром. Првиот човек на Синдикатот вчера рече дека при обидот за влез не реагирало внатрешното обезбедување на М-НАВ- приватна компанија за обезбедување од Кичево, која неофицијално исто така е во сопственост на членови на ДУИ. Според полицијата, овие 8 лица кои влегле имале задача да ги замолчат албанските контролори кои биле на иста линија со синдикатот. Според очевидци, Незири ја предводел групата од седум лица, кои не се вработени во институцијата и во кои меѓу другите бил и Ерсен Сали. Ги однел директно во радарската соба, каде што сго нападнале контролорот. Според доказите тие пристигнале во 2 возила, поминале 3 безбедносни бариери: капијата во дворот на М-НАВ, влезната врата на зградата каде што имаат пристап само оние со електронска картичка и контролната кула каде што нема можност за движење без придружба на персоналот. Инцидент предизвикан од Беким Незири во М-НАВ се случил и во 2010 година, но случајот не беше изведен во полиција./Алсат.мк
Аднан Ќаили