МАКЕДОНИЈА

За време на пандемијата погребалните претпријатија инкасирале 1,5 милиони евра

За време на пандемијата,  на погребалните фирми им биле исплатени 1,5 милиони евра. Цените  се зголемија за пациентите кои починаа во текот на овие 9 месеци. Од март до почетокот на декември, од вирусот починаа над 1.800 пациенти ширум земјата.

Advertisements

На социјалните мрежи излегоа бројни реакции од семејства, кои платиле огромни суми за нивни починати, кои починале од овој вирус. Тие зад камера велат дека се чувствуваат измамени и дека погребалните агенции ги злоупотребиле  трагедиите за да добијат повеќе пари.

Од почетокот на пандемијата и за време на пролетниот бран, цените се движеа од 500-800 евра во зависност од градовите, ни изјавија некои  од овие агенции со кои контактиравме. Во меѓувреме, со зголемувањето на смртноста во есенскиот бран, цената на погребната служба достигна до 1.000 евра, вклучувајќи го и херметички затворениот ковчег. што фактички не беше побарано според здравствениот протокол. Министерот за здравство Филипче рече дека државата не интервенира при утврдување на сумата на погребните услуги.

Заменик министерот Илир Хасани рече дека со новиот протокол цената ќе се намали за 200 евра колку што чинеше херметичкиот метален ковчег, избегнувајќи можна злоупотреба на погребалните агенции.

„Тоа е многу чувствително прашање, со кое мора да направиме компромис помеѓу барањата на граѓаните и можниот ризик од ширење на инфекцијата од починатите. Мислам дека може да се направи мала толеранција и починатите  од Ковид-19 да не бидат во метални сандаци“, рече Хасани.

Со последната одлука на Владата, операторите на погребалните услуги се должни да го променат Протоколот за спречување на инфекција при проследување на телата. Владата  одлучи подготовката, транспортот и погребувањето на мртвите да не биде во метален ковчег.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button