МАКЕДОНИЈА

За загадување на природата казни и до 10 години затвор

Државниот инспекторат за животна средина извршил над 955 контроли, при што биле констатирани 244 неправилности. За загадувачите на животната средина била поведена прекршочна постапка. Од Инспекторатот соопштуваат дека дел од овие постапки се во судовите, дел во комисијата на Министерството за екологија, а за останатите биле изречени казни.

Покрај прекршочните постапки, Инспекторатот поднел и две кривични пријави за загрозување на животната средина.

Стојковски најави дека кон средината на месецов ќе стапат во сила измените, според кои, за делата каде во голема мера постои ризик по животната средина, казните ќе одат и до 10 години затвор.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button