За законска одредба од законот за лични карти, партнерите СДСМ и БЕСА доставуваат два предлог-закона

Два предлог- закони за одредба од Законот за лични карти. Министерството за внатрешни работи предлага адаптација на уставното име а Беса предлага вклучување на етничката графа. Двата предлога главно се упатуваат на член 5 од Законот за лична карта, во кој се предвидуваат елементите на образецот што ги дефинира задолжителните податоци.
“Во документ се наведува: име и презиме на граѓанинот, државјанство, пол, датум на раѓање, матичен број, датум на издавање, адреса на живеење, одговорното тело кое ја издава личната карта, број на лична карта и потпис на имателот”.
Сличен е и предлогот на Движењето Беса, поддржан од пратениците на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, но кој предвидува втора графа во која се бара етничка припадност.
„Со цел да се усогласи законот со Уставот на Република Северна Македонија, главно затоа што сметаме дека припадниците на етничките заедници имаат право да ја изразат својата етничка припадност, предлагаме член 5 став 2 од законот, односно формата на личната карта да се пополни со податоци за „етничката припадност“.
Но, од Движењето Беса велат дека сè додека постои предлог во Собранието и се очекува наскоро да се гласа за потребата од законот, нема потреба од нов предлог. Од партијата на Касами велат дека нивниот предлог го содржи уставното име.
„Нема причина да има друг закон предложен од Владата зашто веќе има закон во собраниска процедура. Следната фаза е разгледувањето во Комисијата за политички систем каде што може да се предложат амандмани ако некој мисли дека нешто треба да се смени. Движењето Беса нема да го поддржи предлог-законот во врска со личната карта ако не се вклучува етничката графа“.
Од СДСМ велат дека сè уште не ги разгледале сите текстови, додека од ВМРО-ДПМНЕ велат дека прашањето за поддршка на етничката припадност во личните карти треба да се разговара во органите на партијата. Парламентарната група на ДУИ вели дека ќе дадат поддршка на измените на Законот. Предлогот на Министерството за внатрешни работи предвидува личните карти со старото уставно име да важат најдоцна до 12 февруари 2024 година. Издавањето лични карти со новото уставно име ќе започне од 1 јули годинава.
Adrian Kerimi