
На овогодинешниот Евровизиски натпревар најверојатно ќе бидат забрани знамињата во боите на виножитото, кои се симбол на ЛГБТК заедницата, пренесува Nltimes. Како што се додава во текстото, забранети ќе бидат и палестинските и „европските“ знамиња. Веста ја потврди и холандскиот јавен сервис AVROTROS, објаснувајќи ја одлуката на Европската радиодифузна унија (EBU), дека учесниците на фестивалот ќе можат да го носат само знамето на својата земја.
Организацијата за права на ЛГБТК, COC, ја опиша оваа одлука како целосно апсурдна, додава NL Times.
Објаснувајќи ја одлуката, АВРОТРОС нагласи дека Евровизискиот натпревар не е политички настан, па иако виножитовото знаме не е политичка порака, како што наведоа, ЕБУ сака да го забрани неговото прикажување.