Зачестени контроли, по одлуката за замрзнување на цените
Зачестени контроли, по одлуката за замрзнување на цените

Додека тече рокот за намалување на цените на некои прехранбени артикли, граѓаните стравуваат од квалитетот на прехранбените производи што ќе ги купат после 16 март. Тие ја изгубиле довербата во домашните производители кои ќе го намалат квалитет во однос на цената, но надлежните велат дека нема да дозволат такви манипулации.
Агенцијата за храна и ветеринарство е прв орган кои врши интензивни контроли во фирмите што произведуваат прехранбени производи. Покрај пазарниот и трудовиот инспекторат, од АХВ велат дека при десетици теренски контроли изречени се 7 забрани за вршење дејност и 3 казни.
Директорот на АХВ, Николче Бабовски, рече дека секоја увезена стока ја проверуваат нивните инспектори со комплетна документација и стандардизиран сертификат, но не и за Србија и Албанија.
Во меѓувреме, во 17-те гранични единици, покрај цариниците, на терминалите се и инспекторите на АХВ, кои го проверуваат квалитетот на суровините на житариците, месото, млекото и други. Царината соопшти дека од денеска целосно се укинати царините за увоз на тестенини, со што се очекува покрај замрзнувањето на цената до 15 отсто да се намалат и цените на шпагетите и тестенините.
„Од почетокот на годинава до денеска количината на увезени тестенини достигна 1.034.993 килограми, од кои најголем дел потекнуваат од Италија, како и од Косово, Албанија, Грција, Хрватска, Србија, Германија и Кина”, велат од Царинска Управа.
Владата донесе две одлуки за замрзнување на цените на тестенините и на некои млечни производи од 16 март. Макароните и шпагетите со замрзнатите цени ќе бидат за 15 отсто со пониски цени. Бидејќи овие производи се 100% увезени од странство, сега ќе бидат целосно ослободени од царина. Во меѓувреме, некои млечни производи ќе имаат замрзнати цени за 10% поевтини од цените од 1 март.
Врз основа на списокот на основни прехранбени производи кои од лани имаат маржа на ДДВ од 5% на големо и 10% на мало, остануваат уште некои производи без замрзнување на цените. Надлежните велат дека следната недела ќе го анализираат пазарот за шеќерот, јајцата и домашниот ориз, и доколку самите не ги намалат цените ќе интервенираат со нови замрзнувања. Досега замрзнувањето на цената на белиот леб од 33 денари ги даде потребните ефекти и ова мерка ќе продолжи до 31 мај./Алсат.мк
Аднан Ќаили