ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Задутре Владата набрзина ќе го почне и Коридорот 10-д

Владата во петок ќе го постави камен-темелникот на Коридорот 10-Д. Почетокот на работата за остатокот од проектот се прави врз основа на договорот кој е скриен од очите на јавноста. Досега неколку скандали ја придружуваа постапката за отпочнување на работите, почнувајќи од преговорите, постигнувањето на договорот и изборот на фирмите за надзор.

Advertisements

Тендерот за надзор го доби групацијата на компании „ИРД Инженеринг“, „Електрасолушнс“, Евроконсалтинг“ и „ЕПТИСА“. Три од четирите зад себе имаат веќе загрозен кредибилитет.

„Електрасолушнс“. Компанијата која доби лиценца за надзор на работите со други инженери од оние кои биле наведени во последниот проект. Оваа компанија при договорот пријавила десетина вработени, но претходно на крајот на годината декларирала само двајца. Некои експерти немаат релевантна документација, а самата фирма најголемо искуство има во производството на долна облека. И покрај тоа што италијанската компанија е носител на надзорот, преку „Електрасолушнс“ ќе помине најголемата сума од 22,3 милиони евра предвидена за таа намена. Ова претпријатие се наоѓа на иста адреса кај фирмите кои не успеаја да обезбедат пари за банкарската гаранција при првиот тендер бидејќи парите им биле во руски банки.

„Евроконсалтинг“. Компанија основана од Бранислав Димитријевиќ, со актуелен менаџер Зоран Димитријевиќ е следна која ќе се занимава со надзорот. Оваа фирма, чиј сопственик Ерменија го гони за измама, доби дел од мултимилионскиот пакет и покрај тоа што Владата беше запознаена со дамката во минатото на Димитријевиќ, неговата недостапност за органите на прогонот во нашата земја и сомнежите за манипулации во однос на сопственоста на компанијата со цел таа да се приспособи на условите за учество на тендерот. Владата и Јавното претпријатие „Државни патишта“, наместо да се оградат од овие околности, излегоа во одбрана на компанијата и нејзиниот имиџ.

„ЕПТИСА“. Јаболко на раздорот поради кое Владата зажали за донесената одлука. Шпанската компанија беше јавно посочена од Владата во ноември 2020 година како фирма со која општините или државните институција не треба да соработуваат за проекти над 1 милион евра. Но, само 10 недели подоцна, затекната пред можноста да се соочи со тужба за прекршување на договор и фатена пред свршен чин дека таа не може да носи одлука дали некој субјект постапува спротивно на законот или не, Владата ја повлече одлуката, односно го укина налогот за несоработка со оваа фирма.

Договорот на Бехтел-Енка со Владата останува таен. Јавното обвинителство најави дека го испита.

На крајот се дебатираше и за вредноста на проектот. Власта тврди дека со измените во петте закони ќе се заштедат стотици милиони евра, но опозицијата тврди дека тоа се прави поради криминал и корупција.

Постапката за измената на законите наиде на критики и од евроамбасадорот Дејвид Гир.

Вредноста на коридорите се проценува дека ќе достигне 1,3 милијарди евра, но не е исклучено таа да порасне во текот на работите.

Работите ќе ги изведува турско-американскиот конзорциум Бехтел-Енка, а завршувањето е предвидено за 5 години. На 4 април беше поставен камен-темелникот на Коридорот 8.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button