СПОРТ

Заедно до нови победи со нашите македонски фудбалски херои

Видеолотарија Касинос Австрија е горда и привилегирана што може да се нарече поддржувач и партнер на Фудбалската федерација на Македонија и на македонските фудбалски репрезентативци и затоа им посакуваме деновиве кои следат да бидат најубавите и најуспешните во нивните кариери.

Завршија одбројувањето и исчекувањето, денес почнува Европското првенство во фудбал, на кое ќе учествува и репрезентацијата на Македонија. По шест неуспешни обиди од нашето осамостојување, конечно успеавме да оствариме историски пласман меѓу најдобрите во Европа, а сега, кога веќе се качивме на големата сцена, сигурно нема да поминеме незабележани.

Видеолотарија Касинос Австрија најдобро знае дека малку среќа во вистинскиот момент, може чудесно да го смени животот. А македонските фудбалски рисови веќе покажаа дека имаат и квалитет и талент и физичка подготвеност и ментална сила, така што, за оваа специјална пригода им посакуваме и уште малку спортска среќа за да се вивнат во недопрени височини и да остварат успех каков што сите сонуваме. Тие веќе се македонските херои, сега е нивно време да ги види и Европа!

„Дај боже ние да го освоиме Европското првенство, па после јас може да одам во пензија. Сега најважно е да поминат добро трите натпревари, па ќе видиме понатаму“, изјави Пандев преку дружењето во живо на профилите од Видеолотарија на социјалните мрежи.

Ние посакуваме сите убави желби да се остварат, а Горан Пандев да ја заврши својата кариера со сензационален настап на Европското првенство. Фудбалската репрезентација дефинитивно ја пишува нашата спортска историја, поради што ја имаат нашата силна поддршка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button