МАКЕДОНИЈА

Заев: Апсолутно нема дилема кога се употребува на Северна Македонија, а кога македонско

Кога се претставува државата, а фудбалската репрзентација ја претставува државата, тогаш се употребува на Северна Македонија, додека македонско, македонска, Македонец, сите делови на придавката, нашиот идентитет, македонскиот јазик се употребуваат во сите други форми на дискусија, општење и соопшутување на нашите ставови, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.

Advertisements

На прашање од пратеничката Ане Лашкоска, од ВМРО-ДПМНЕ, за извинувањето дека направил грешка што напишал „македонска фудбалска репрезентација“, Заев посочи дека коректно е и политички, човек да се корегира кога нешто е спротивно на Преспанскиот договор.

– Јас сум ги потпишал тој Договорот, сум го преговарал тој договор и апсолутно целосно го гарантира македонскиот идентитет, македонскиот јазик и нашата македонска национална посебност. Апсолутно нема дилема кога се употребува на Северна Македонија, а кога македонско, Македонец, Македонка и така натаму, изјави Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button