ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев до граѓаните: Ветото на Бугарија е неодговорна грешка

Ветото на Бугарија за отворање на пристапните преговори на Северна Макеоднија со ЕУ е неодговорна грешка. остануваме посветени за решение убедени дека е можно без оспорување на македонскиот идентитет, истакнува меѓу другото премиерот Зоран Заев во обраќањето до граѓаните на Република Северна Македонија.

Во продлежение е дел обраќањето на претседателот на Владата, Зоран Заев.

Advertisements

„Почитуван македонски народе,

Почитувани граѓани од сите заедници во Северна Македонија,

На сите ни е јасно, дека до овој момент Европската Унија не постигна согласност за прифаќање на преговарачката рамка за нашата земја. Оваа неодговорна грешка е горчлива вест за целата наша нација. На овој ден, се слуша големото разочарување кај сите нас во една издишка.

Бугарија стави вето, го прекрши Договорот за добрососедство и пријателство и со тоа застана на патот на нашата европска интеграција за која во повеќе наврати институциите на ЕУ и земјите-членки, вклучувајќи ја и Бугарија, потврдија дека целосно ги исполнуваме условите.

Тоа не е европски начин. За жал, Бугарија не собра сила да се однесува европски. Бугарија дозволи, да испорача гест кој не покажува ни пријателство, ни братство.

Ставот на Бугарија е целосно ирационален и навредлив за Македонците и за целиот наш народ. Во 21 век, не е европски, ниту демократски, да му кажете на друг како да се чувствува, како да се самоопределува. Не е европски да му ја пишувате историјата на друг народ. Да му наметнувате идентитет на друг народ и да го убедувате дека треба да го прифати.

За Северна Македонија, за македонскиот народ и за сите граѓани на нашата земја не се прифатливи овие услови.

Затоа ние застанавме цврсто во одбрана на македонските национални интереси. Не дозволивме да се чепка во достоинството на македонскиот идентитет и во столбовите на идентитетот, а тоа се македонскиот народ и македонскиот јазик.

Нема да дозволиме ниту антифашистичкиот идентитет на нашата земја да биде загрозен и да биде доведен во прашање! Темелите на нашата државност се во антифашизмот на АСНОМ, како што темелите на нашиот идентитет се во македонскиот народ и македонскиот јазик. Тоа се нашите столбови од минатото. Тоа се нашите столбови за иднината.

Ние одбивме да преговараме за работи за кои не смее ни да се разговара! Преговори со ЕУ да, но не по цена на ревизија на македонскиот идентитет. Не под условите кои сега ги наметнува Бугарија.

Почитувани граѓани,

ние остануваме посветени на барањето решение со соседна Бугарија. Тоа ќе биде решение кое гарантира почеток на преговори со ЕУ, а никако не задира во македонскиот идентитет, се наведува меѓу другото во обраќањето на премиерот Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button