Заев до Рама и Вучиќ: Чувајте го и развивајте го Отворен Балкан

Македонскиот, албанскиот и српскиот народ, но и народите од другите земји од регионот имаат заедничка цел, а тоа се европските вредности, порача премиерот Зора Заев во своето обраќање на иницијативата Отворен Балкан што денеска се одржува во Тирана. Заев им се заблагодари на лидерите на Србија и на Албанија и порача процесот да остане активен и по неговото заминување од премиерската функција.
„Нашите народи, македонскиот, албанскиот и српскиот народ, како и народите од другите земји од регионот имаат ист пат. Имаме иста визија и исти вредности, тоа се европските вредности. Одиме заедно напред, поврзани. Драг Еди, драг Александар, Отворен Балкан не само што нѐ зближи како лидери на три соседни земји, туку за мене има и лична вредност, а тоа е огромното пријателство со вас двајцата. Чувајте го и развивајте го Отворен Балкан“, рече Заев.