ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев: ЕУ да остане на зборот и да го испорача она што и го вети на земјава

Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш ја повика Европската унија да остане на зборот и да го испорача она што и го вети на земјава. Ние од утре не стануваме земја-членка на ЕУ, рече Заев, туку се работи за следниот чекор – одржување на првата меѓувладина конференција.

Од новата бугарска Влада, пак, Заев очекува лидерство, одговорност и грижа за Западен Балкан, посебно грижа за нејзиниот, како што рече, прв западен сосед – Северна Македонија.

Тој верува дека одлуките на новата бугарска влада можат да ја придвижат земјава кон европеизација, а заедно со тоа и Албанија, како и да ги отворат првите меѓувладини конференции за нас, Албанија, Црна Гора и Србија.

Заев очекува „португалското претседателство да преземе конкретни чекори и со нас и со Република Бугарија“.

-ЕУ е таа што мора да донесе одлука како што ние моравме ако сакаме да одиме кон ЕУ, да ги донесеме одлуките доминантно за реформите. Покажавме европски манири и одговорност, презедовме сериозни ризици, очекуваме соодветен одговор од ЕУ. Ние овојпат со неа си имаме работа, а со Бугарија имаме билатерален Договор кој е значително реализиран. Наша обврска е да бидеме реалисти, реално да зборуваме за проблемот, без димензионирање оптимизиам, но и без непотребно вградување песимизам. Очекувам да направат исчекор и Европа конечно да остане на зборот зашто се работи за достинство. Ветија дека ќе испорачаат ако испорачаме и ние, а ние испорачавме и повеќе пред Европа да испорача. Ние сме тука. Секој пат можеме, на секој од следните чекори да застанеме ако нешто не е задоволително за која било од страните, но дефинтиивно очекувам европско лидерство, одговорност и грижа за Западен балкан, нагласи Заев.

Според него, 26-те земји не само што даваат поддршка, туку и чувствуваат одговорност пред самите себе дека мора да направат нешто.

-Едно е јасно. Барем се расчисти дека нема раздвојување. Двете земји продолжуваат заедно, но наше е тоа што зависи од нас. Кажавме кои се нашите граници, до каде може да се оди и истовремено побаравме и очекуваме Европа да испорача, нагласи премиерот.

Заев уште еднаш потенцира дека за македонскиот јазик и идентитет нема преговори.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button