ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев ќе ги чека резултатите од истрагата пред да одлучи за оставките

Премиерот Заев ќе ги почека резултатите од експертските анализи и вештачења во врска со причините за пожарот на модуларната болница во Тетово пред да донесе одлука дали ќе ги прифати оставките од првите луѓе во Министерството за здравство и менаџментот на тетовската болница.

„Ред е прво да почекаме да се добијат сите одговори од сите експерти, од форензичарите, од целокупната истрага, од сите можни аспекти за после тоа да го кажам моето мислење по основ на поднесените оставки од страна на министерот за здравство, заменик министерот, директорот и економскиот директор на болницата“, рече Заев.

Во трагедијата што се случи ноќта на 8 септември животот го загубија 14 лица, а 12 беа повредени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button