МАКЕДОНИЈА

Заев: Коментарите од Бугарија во насока на побрзо заедничко решение на отворените прашања

Премиерот Заев верува дека коментарите од бугарската страна во врска со македонскиот јазик се во насока на побрзо изнаоѓање заедничко решение за отворените прашања. На новинарско прашање како ќе реагира владата откако бугарската министерка за надворешни работи, Захариева и македонскиот јазик го карактеризираше како отворено прашање меѓу двете земји, Заев рече:

Advertisements

„Верувам дека во сите тие документи и коментари коишто излегуваат се само желба за решавање на ова четврто историско поглавје или шеста историска личност која може да биде одлична можност да нѐ сплотува. Ќе бидеме внимателни во коментарите затоа што знаеме дека треба да постигнеме решение коешто ќе носи придобивки на двете страни“, рече Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button