МАКЕДОНИЈА
Заев на Фејсбук упати честитки до пратениците за изгласувањето на законите од петтиот пакет мерки

Премиерот Зоран Заев попладнево на својот фејсбук профил упати честитки до пратениците, претседателот на Собранието и до собраниските служби за усвојувањето на законите од петтиот пакет антикризни мерки.
– Упатувам честитки до пратениците од парламентарното мнозинство кои се справија со сите блокади и најдоа начин овие важни закони за граѓаните конечно да бидат усвоени. Честитам и на Собранието, Претседателот Џафери и собраниските служби кои обезбедија соодветни услови за работа и кои спроведоа гласање според сите протоколи со целосна заштита на здравјето на сите пратеници и целосна изолација на двајцата позитивни. Огромни честитки и до заболените пратеници кои и во вакви околности се вложија целосно, покажаа одговорност, беа на висина на задачата и гласаа за носење на законите и во интерес на итната потреба на граѓаните, напиша Заев.