

Alsat
31.08.2020 17:55
На првиот работен ден премиерот Зоран Заев ги слушна барањата на дел од бизнис-заедницата. Стопанствениците на премиерот му порачаа дека во периодот што следи владата мора да биде фокусирана на економијата и преку мерки и поддршка за бизнисот да се зголемува економскиот раст на земјава. Заев вети нови пакети финансиска помош за фирмите за што полесно пребродување на кризата предизвикана од пандемијата.
„Научив многу од соработката со коморите, видов дека тоа може да биде од заедничка полза, за бизнис секторот, за работниците, за извозот за БДП на државата, а секако и политички за владата. Тоа искуство ќе го искористиме во периодот што претстои за да можеме уште посветено да работиме, да соработуваме, но и да учиме од работењето на стопанските комори.“