ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев за случајот „Мафија“: Најголемиот број фалсификати направени во времето на ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Зоран Заев ги отфрли како неосновани тврдењата на опозицијата дека тој и министерот за внатрешни работи се вмешани во аферата со нелегални пасоши, поточно случајот „Мафија“. Заев додаде  дека фалсификувањето на пасоши и други лични документи поврзани со случајот „Мафија“, се случило во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше во владата.

Advertisements

„Министерот за внатрешни работи, премиерот и слично не можат да бидат обвинети, особено кога спровеле успешна акција, особено кога покажале и докажале дека акцијата траела со месеци, со анализа, аргументација, така што тие може да ги изведе пред судот. Кога ќе ја погледнете анализата кога се случило ова, кога биле направени овие големи фалсификати, дури и со лажни матични броеви, ќе видите дека ова е за време на режимот, односно за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button