Заев не е оптимист дека земјата ќе добие датум за преговори со ЕУ ни во октомври

Премиерот Зоран Заев ги гаси надежите за датум за преговори со ЕУ во октомври за време на Самитот на Западен Балкан. Тој рече дека разочарувањата досега не му даваат право да очекува позитивна одлука пред декември, кога завршува словенечкото претседателство.
Заев додава дека за време на разговорите било потврдено дека немало преговори за јазикот и идентитетот, додавајќи дека не добивањето на датум за преговори не е причина за вонредни избори, зашто тоа избори имаше по одбивањето од страна на Франција.
Во меѓувреме, опозицијата продолжува да го обвинува Заев за потфрлување во процесот на отворање на преговорите. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Миксоки, кој е во официјална посета на Брисел, за време на состанокот со европратениците од сестринските партии изјави дека тој повеќе гледа ниту една причина зошто Заев би останал премиер . Мицкоски истакна дека Северна Македонија ги исполнила условите за отворање на преговорите од 2009 година, но според него проблемот со Бугарија се појавил откако Заев дојде на власт.
Adrian Kerimi