ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Заев не исклучува лидерска средба или вонредна состојба поради блокадата на Собранието

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека Собранието наскоро ќе профункционира, барем за најважните закони. Според него, тоа е затоа што пратениците кои се заразени со Ковид-19 се очекува наскоро да се вратат. Во меѓувреме, тој најави средба со претседателот на Собранието и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Заев не исклучува лидерска средба за да се деблокира Собранието.
„Сите опции се отворени, од лидерска срадба до координаторите на пратеничките групи да најдат решение, до вонредна состојба, до сѐ…, само да ги ослободиме институциите да носат одлуки коишто се од животно значење за нашиот народ“, рече Заев.