Заев не исклучува лидерска средба како обид за деблокирање на Собранието

Премиерот Заев не ја исклучува можноста за свикување лидерска средба со единствена цел – деблокирање на работата на Собранието. Заев кажа дека тој гледа два начина за одблокирање на работата на Собранието, како што рече, еден е седнување и разговарање, а другиот е помош од медиумите кои би ги претставиле пред јавноста причините за блокада, по што неаргументираните блокади би биле под притисок на јавноста да се повлечат.
„Дали имаме планови да го деблокираме Собранието, со тие амандмани на опозицијата, со тие блокади преку комисиите предводени од опозицијата, имаме два плана, едниот е да ни помогнеме како медиуми и да ја информираме јавноста какви се деталите за блокада за да можат политичарите кои немаат основа во аргумент да се повлечат. Зборувам и за власта и за опозицијата. И вториот дел е дијалогот. Секој ден во собранието седат и разговараат, во случај да има потреба од состанок на лидерите и јас ќе го сторам тоа, ќе повикам состанок на лидери, и со македонската опозиција, со албанската опозиција и со другите партии во Собрание“, изјави премиерот Зоран Заев.