ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев нема проблем да има Бугари во Уставот

По изјавите на бугарскиот претседател Радев вчера поговорката „Надежта последна умира“ може најдобро да ги опише очекувањата на Владата за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Премиерот Заев повтори дека вклучувањето на Бугарите во Уставот не е проблем.

Advertisements

Според министерот за надворешни работи Османи, Бугарите ќе бидат вклучени во Уставот само кога државава би почнала преговори и пред самото зачленување.. Во исто време тоа би значело и крај за политиката на Софија за „еден народ во две држави“.

 „Република Бугарија во својот Устав, за разлика од нас, не признава организирање на граѓани врз основа на етничка припадност. Затоа, реципроцитетот во овој случај не е возможен. Северна Македонија е обврзана со договор дека нема да се меша во внатрешната организација на Република Бугарија, односно во овој случај во уставниот поредок.“

А, додека премиерот Заев се надева дека ќе се надмине ќор-сокакот до 14 декември кога ќе се одржи редовниот самит на ЕУ, германската канцеларка Меркел рече дека не очекува разликите меѓу Бугарија и Македонија да се надминат скоро бидејќи во Бугарија во ноември следуваат парламентарни и претседателски избори.

Evi Shkopi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button