МАКЕДОНИЈА

Заев: Нема спор меѓу партнерите во владејачката коалиција околу одлуката за границите

Владините партнери не одговорија јасно на прашањето кој го кочи отворањето на границите. Иако некои од соседните држави дадоа согласност да се укинат ПЦР тестовите на граничните премини, нашите власти сега го одолговлекуваат ова прашање еден месец. Премиерот Зоран Заев ги демантираше гласините за раздор меѓу министрите на ДУИ и СДСМ околу одлуката за отворање на границите. Тој рече дека има аргументи „за“ и „против“ отворањето на границите од двете страни. Заев рече дека за евентуалното отворање на границите и за новите услови ќе одлучат здравствените власти.

Advertisements

Вицепремиерот Артан Груби рече дека не постои политички фактор во рамките на коалицијата што спречува отворање на границите, но не прецизираше кога граѓаните ќе се движат слободно и безусловно.

„Никој формално не ја опструира владата, но разгледуваме опција – како сите страни заедно, во согласност со епидемиолозите и Институтот за јавно здравје   да ги отвориме границите.  Постои политичка волја меѓу нас, но и во земјите од регионот и посакувам на следниот состанок на владата или на состанокот по него, да донесеме одлука за ова прашање, рече вицепремиерот Груби.

Министерот Филипче вчера рече дека Албанија, Косово и Црна Гора се согласиле за за итно отворање на границите на регионот, но ја чекаат одлуката на Србија и Бугарија. Во меѓувреме, јужниот сосед Грција ја продолжи забраната за Македонија, Албанија и Турција до 12 октомври.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button