ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев: Никој не преговара за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик

За сите граѓани кои вистински се грижат, да ги осигурам дека никој не преговара за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик. Тоа е наше право на самоопределување, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Advertisements

Нашиот јазик, нагласи Заев, е признат во светот и ние сме Македонци и такви, како пријатели на Република Бугарија и бугарскиот народ, треба да продолжиме да го градиме пријателството.

– Ставот е јасен за сите. Ние сме самостојна нација, која што се развила како што се развивале паралелно сите други нации. Нашиот јазик е исто, како и другите јазици од словенско потекло. Потекнуваат од старословенскиот јазик, од старословенската култура, преку развивање на глаголицата од свети Кирил и Методиј и кирилицата од нивните наследници свети Климент и Наум Охридски, се равивале јазиците. Имаме точно, дел од заедничка историја, која што ги поврзува двата народа и двете држави, од каде буквално се создаваат и македонскиот и бугарскиот јазик, па и српскиот и сите други словенски јазици, изјави Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button