ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев одлучува за оставките, ВМРО бара собраниска седница за разрешувања, рокот е ВТОРНИК

ВМРО-ДПМНЕ даде рок од два дена министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот Илир Хасани да поднесат оставки до Собранието. Во спротивно, Мицкоски најави дека ВМРО самото ќе поведе таква иницијатива.

Advertisements

Мицкоски вели дека оставките од морални причини не смее функционерите да ги амнестираат од кривична одговорност. Тој го обвини премиерот Заев дека секој ден добива детали од истрагата што ја води обвинителството од, како што рече, истражителите од неговата партија. Затоа бара неутрална и објективна истрага.

Мицкоски најави и понатамошни чекори за откривање на вистината за пожарот што ја зафати модуларната болница во Тетово ноќта на 8 септември во кој загинаа 14 лица.

Мефо Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button