ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев почна да им се лути на Бугарите за јазикот

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров рече дека ако македонскиот јазик стане пречка за евроинтеграциите на Македонија, тогаш ЕУ не го заслужува предзнакот европска. Димитров дури изрази дилеми дали во иднина може да и се верува на Европската Унија доколку бугарскиот сосед го искористи спорот за македонскиот јазик и историја за да ја спречи земјата да се движи кон ЕУ. И Заев предупреди дека нема да се попушти.

Advertisements

„ЕУ воопшто не би била европска ако дозволи јазикот да стане пречка за европската иднина на земјата. Ова е цврстиот став на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров. Тој исто така и пренесе порака на Софија дека без взаемно почитување, не може да има пријателство меѓу двете земји.

Премиерот Зоран Заев рече дека употребата на македонскиот јазик е меѓународно загарантирано и во овој поглед не може да се попушти, дури и ако ризикуваме да не започнеме преговори со ЕУ. Тој изрази оптимизам дека ќе се најде решение за заедничката историја.

 Димитров и Заев со нивните изјави му одговорија на бугарскиот премиер и прв дипломат, Борисов и Захариева, кои пред два дена изјавија дека Скопје не може да продолжи по својот пат кон ЕУ, ако не постигне компромис за македонскиот јазик со Софија до 10 ноември. Инаку, најавена е средба меѓу премиерите за надминување на разликите. Комисиите на експерти од двете земји ќе седнат на заедничка маса на 15 и 16 октомври во Скопје, за да разговараат пред се за Гоце Делчев, кој според тврдењата на политиката и историјата на Софија има бугарски корени.

Анеса Салиху

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button